Иако најдобро рангирана во својот регион, македонските преставници во европските натпреварување мечевите ги завршија уште непочнати. Шкендија ја елиминираа аматерите од С.Ирска, Металруг мина против аматерите од Малта, но не и против полскиот Рух, додека најдобрата престава ја имаше Ренова. “Гипсарите“ ги минаа аматерите, беа на чекор до сензација против Гомел, но не успеаа да го видат Ливерпул.
“Неговиот“ Вардар кој се врати на шампионската позиција, беше само полесен спаринг партнер со во моментов за нас гигантот БАТЕ Борисов.
репрезентација на Македонија на ранг листата на
ФИФА, Светската фудбалска федерација се наоѓа на 103-то место.
рангирана од сите противници со кои ќе игра во квалификациите за пласман
на Светското првенство во Бразил во 2014 година.
Но покрај фудбалските главоболки, Ѓорѓиоски ќе мора да ги решава и “дриблинзите“ со двојните Општински фудбалски сојузи кои ги генерираат најголемите проблем во федерацијата.
Во новиот УО на ФФМ , влегоа познати лица од владеењето на Хаџиристески кои ќе треба да му “скаутираат“ на Ѓорѓиоски како да ги решава правните лавиринти.
На седницата во Охрид, тој не најави, но јавноста шпекулира со можните смени на неколку клучни места во федерацијата, како генерален секретар, комесар за натпревари и менаџер на судиската организација. Многу простор за маневар Ѓорѓиоски и нема бидејќи за шест дена стартува новиот шампионат.
Она што сигурно може да радува, е тоа што Ѓорѓиоски доаѓа од фудбалскиот полигон и мошне добро ја познава фудбалската работа. Потврда за тоа секако се двете титули во домашниот шампионат со Македонија ЃП и Вардар.
Трансформацијата на спортските клубови во АД се очекува да биде уште едно “олеснување“ во работата на новиот претседател.
После декадата на Хаџиристески, Ѓорѓиоски има планина за искачување, до прва јавноста ќе дознае какви ќе бидат методите според кои екс “вардарецот“ ќе ја освојува.