– Фудбалерите ги исполнија сите мои планови, со мечот одигран во Тетво се покажа дека и во Македонија може да се игра нормален фудбал. Во оваа прилика сакам да му се заблогадарам на екипата на Шкендија за добро организираниот натпревар – потенцираше за Екипа.мк, стратегот на Вардар, Илчо Ѓоргиоски.
Најтрофејниот фудбалски клуб во првата македонска лига, Вардар со триумфот над актуелниот првак Шкендија ја врати разликата од седум бодови пред второпласираниот Металург.