Со натпреварот помеѓу Хрватска – Бразил денес започнува СП за младинки во Македонија. Првата презентација пред македонската јавост црвено-жолтите во Охрид ќе ја имаат против Австралија. Малиот број на контролни натпревари, психолошкиот притисок но и желбата кај овие ракометарки ќе бидат одлучувачките фактори за конечниот пласман.


 – Нашиот хендикеп во подготовките за Мундијалот, беа контролните средби. На овие девојки им фалат натпревари. Нашата селекција е повеќе кадетска отколку младинска. Без разлика овие девојки се иднина на македонскиот ракомет и апелирам да се продолжи да се работ со нив, да не останат заборавени – вели селекторот на репрезентацијата Новко Ѓорѓиевски.


Кој е крајниот дострел на оваа селекција ??
 – Како и секој домаќин и ние сакаме да се пласираме што е можно подобро. Несикуството е најголемиот проблем на оваа селекција .Она од што најмногу стравувам е како девојките ке одговорат на амбиентот , публиката која очекувам да биде во голем број овде во Охрид. Сепак сметам доколку успееме да го минеме првиот круг, тремата ќе исчезне и овие девојки ќе бидат вистински хит.


Дали одбравме вистинска група и кои кави се нашите шанси според Вас ??
–    Доста дилеми имаше која од групите да прифатиме. Првиот наш противник Австралија не “бог знае каков противник“ но никако не смее да ја потценуваме. Мечевите со Бразил и Хрватска се наша шанса. Сите ние посакуваме да стигнме до втората фаза каде се надевам дека може да изненадиме уште некого- завршува Ѓорѓиески.

Првиот меч Македонија го игра против селекцијата на Австралија во 21 часот.

М.Постоловски