Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски пред дуелот со Шкотска се соочи со низа проблеми околу составот. Од комбинација отпаднаа фудбалерите на Вардар, Ѓоргиев и Стјепановиќ кои не ги обезбедија потребните документи за патување во Шкотска.

Во погон се враќа Величе Шумуликоски кој ја одлежа казната за црвениот картон со Ерменија. Македонија со пораз ги започна квалификациите за СП во Бразил откако Хрватска триумфираше со 1-0.

Мх.П.