На три дена до завршувањето на 48-то издание на најпрестижната музичко-сценска манифестација во земјата, фестивалскиот тим не го крие задоволството од тоа како протекна овогодинешното Охридско лето.

Целата програма течеше беспрекорно, а она што радува е тоа дека сите претстави во музичкиот и драмскиот дел се одиграа пред преполни сали, вели претседтелот на УО на фестивалот Охридско лето и драмски селектор, Ѓорѓи Јолевски. Но фестивалот нема да го оценуваме ние туку тоа ќе го направи публиката и тетатарската односно музичката критика, додава Јолески. Според него одгласите во домашните и странските медиуми се прекрасни на задоволство на тимот кој работи на Охридско лето.


Ѓорѓи Јолески

Оваа година навистина имавме фантастични имиња на фестивалот, смета Јолевски. Почнувајќи од Џеси Норман која настапи на отворањето на фестивалот, Инва Мула која исто така настапи на Античкиот театар, гостувањето на светски познатиот режисер Питер Брук со неговото последно дело „Варум Варум“, големиот Калигула на Томаж Пандур и прекрасната претстава „Четири годишни времиња“ на  Иво Попоски, но сум презадоволен и од петте драмски премиери на македонските театри кои сигурно ќе се најдат на репертоарот на куќите кои ги продуцираа тие претстави, рече Јолески.


Според Јолески овој концепт на фетсивалот дава резултати, но тоа не значи дека не треба да се размислува за некакви промени. Многу е важно какви гости доаѓаат, но се разбира има работи кои треба да се менуваат и секогаш треба да се менува зошто и светот се менува, системите се менуваат така што и фестивалот не смее да остане во истите рамки како и досега, секоја година треба да се додава и да се одзема нешто, смета Јолевски. Според него најпрвин треба да се направи сондажа и да се воочат позитивните работи, а негативните да се исфрлат.

До крајот на 48 издание фестивалската публика ќе ужива уште во три музичко сценски претстави. Решена е и дилемата по откажувањето на спорната претстава на Битолскиот театар на чие место утре вечер ќе биде изведена претатавата „Госпоѓа Јулија“. Завесата се спушта на 20 август во Св. Софија со настапот на виолинистката од САД, Сара Ченг која ќе биде придружена од Словенечката филхармонија.

Ohridnews