Членот на МЗТ Скопје и македонската кошаркарска репрезентација, Ѓорги Чековски е прогласен за најдобар кошаркар во Македонија за 2013 година.

Тој минатата сезона заедно со останатите кошаркари го предводеше тимот од Аеродром до двојна титулата и успешна дебитанска сезона во Јадранската лига.

Наградата за најдобар македонски кошаркар во странство ја доби Перо Антиќ додека за најдобар тренер наградата замина во рацете на Марјан Србиноски во Кожув.

Сите наградени од МКФ за 2013 година :

Најдобар кошаркар – Ѓорѓи Чековски

Најдобар кошаркар во странство – Перо Антиќ

Најдобар тренер – Марјан Србиновски – Кожув

Најдобра сениорка – Елена Раденковиќ – Кросиг

Најдобар судија – Александар Милојевиќ

Најдобар млад кошаркар – Андреј Магдевски – Реал Мадрид

Најдобар младински тренер – Владимир Митровски

Најдобар тренер во женска конкуренција- Марко Павловски – Кросиг

Најдобра млада кошаркарка – Софија Лазаревска – Кросиг

 

Мх.П.