Професорот Ѓорѓе Иванов е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори. Тој на Конвенцијата на партијата што вечерва се одржа во Скопје доби убедлива поддршка од 1.016 делегати, наспроти вториот кандидат Тодор Петров, кој освои само 91 глас.

– ВМРО-ДПМНЕ единствено има сила која обединува и сплотува. Голема чест е да се биде кандидат на ваква партија, но и голема одговорност, рече Иванов, во своето прво јавно обраќање како кандидат за претседател.

ohridnews