Крилниот офанзивец Сашо Ѓорески по одлежаната шестмесечната суспензија се враќа на зелениот терен.

Тој доби директен црвен картон на мечот против Селекс, а дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија го
суспендираше левиот бек на шест месеци.


–  Добро е помина, лошиот период е позади мене. Подготвен сум да го дадам максимумот во „синиот“ дрес – вели охриѓанецот Ѓорески.

Ѓорески и покрај суспензијта во летниот преоден период го засили тимот на Брегалница, и на мечот во сабота против Ренова во Тетово го очекува своето деби.

М.П.