Есеснскиот првак во второлигашката конкуренција Охрид 2004 силно го поскаува повремениот  македонскиот  репрезентативец Гоце Толески во своите редови. На подготовките кои ги започна “рибарите“ за  вториот дел од шампионатот се појави и напаѓачот за приоритетно е да најде на ангажман надвор од границите на Македонија.


 
Со Толески се видовме на кратко, рече дека ако остане во Македонија,  ќе го облече нашиот дрес, се надевам дека тој како професионалец ќе си го одржи својот збор – рече претседателот на клубот Гоце Малезанов.

Стратегот на бели, Зоран Ѓорески смета дека  Охрид  е клубот каде што тој треба да се врати и да ја заврши фудбалската кариера.  – Првенствено да ни помогне, но и  да ја заврши кариерата онаму каде што ја започна, а потоа да му се додели една од функциите во клубот. Такви фудбалери кои играле во странство и знаат што значи професионалниот живот му се потребни на Охрид но и на македонскиот фудбал – смета поранешниот фудбалер, а сега тренер на Охрид,


Составот на “рибарите“ во трката за местата кои водат во Првата лига ,ќе влезат како лидери со бод предност пред второ и третопласираните 11 Октомври и Тиквеш.

По неколкуте воведни тренинзи , охриѓани ќе работат и по два пати дневно. Не исклучена можноста од 27 јануари да заминат во Бугарија на десетдневни подготовки како гости на збратимениот клуб Сливнички херои, со кого одиграа една пријателска средба во Охрид минатата година.

М.П.