По поразот од Ренова во премиерната рунда, повратниот во елитата Охрид 2004 повторно гостува во Тетово, овој пат кај Тетекс.  Двете екипи по првата рунда “останаа на нула“ па шансата за први бодови ќе ја бараат во меѓусебниот дуел.


Предводникот на “рибарите“ Саше Ѓорески е оптимист и очекува подобро издание од она против Ренова. – Одиме во Тетово да се надигруваме. Го минавме првиот тест и “грчот“ кој ги носи натпреварите во Првата лига, знаеме што не чека и мислам дека можеме до реми – вели капитенот.

И Тетекс и Охрид на стартот на сезоната претпреа идентични 2-0 порази од Металург односно Реноваи на дербито на дното ќе се обидат да го постигнат и првиот погодок сезонава.

Главен судија на денешниот меч е Стојанов Стојанче од Штип, додека негови помошници се неговите сограѓани Караколев Никола и Иванов Сашо. Натпреварот започнува во 17 часот.

М.П.