Екипата на Лабуништа која ќе се натпреварува во Втората фудбалска лига-запад е следна дестинација на охриѓанецот Сашо Ѓорески.
Дефанзивецот во тимот на Лабуништа ќе им се придружи на Дејан Лескароски, Наум Џалески и Александар Далчески кои претходно парафираа договори со клубот.
Покрај Ѓорески новајлијата во второлигашкото друштво ги промовираше и Илија Далчевски, Никола Димов и Арди Полиши.
Лабуништа пласман во Втората лига обезбеди по пат на бараж, а подготовките ги започнува денеска во Струга.
OhridNews