Охриѓанецот Сашо Ѓорески фудбалската кариера ќе ја
продолжи во Брегалница од Штип. Пораншениот капитен на ФК Охрид 2004,
кој во првиот дел од ланската сезона ја носеше капитенската лента, по
авантурата во 11 Октомври продолжува во Штип.
Поради шестмесечната суспензија заработена за време
на неговиот престој во дресот на 11 Октомври, Ѓорески ќе го пропушти
стартот на сезоната.
Покрај Ѓорески во нови фудбалери на Брегалница беа промовирани, Бугаринот Борислав Стојанов (голман), Владо Данилов, Ангел Нацев, Аргентинецот Езекел Росендо, Илче Петровски (голман) и Марјан Белчев.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com