Фудбалерите на Младост Царев Двор в сабота против тимот на Работнички ја отвараат пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.


„Зелено белите“ ги очекува макотрпна борба за опстанок во елитата, а ја стартуваат со негатива четири бодови од Ренова која се наоѓа на сигурното место на табелата.

– Ќе се бориме на секој меч, за секоја топка и за секој бод кој ќе не доближи до опстанок во елитата. Ситуацијата во клубот полека се средува и подготвени ќе го дочекаме мечот со Работнички и останатите предизвици во Првата лига. – рече Сашо Ѓорески.


Дефанзивецот на Младост смета дека големите играчки промени во зимскиот преоден рок малку ќе се одрази играта. – Заминаа многу играчи, дојдоа исто така многу кои допрва низ натпревари треба да се воиграат со нас старите што останавме.

Младост како и есенската така и пролетната полусезона мечевите од Првата лига ќе ги игра на охридскиот стадион Атина Бојаџи.

Мх.П.