Охридскиот второлигаш по максималниот учинок во првите три кола, активен е на трансфер маркетот. На повидок до крајот на преодниот рок е трансфер – враќање на Саше Ѓорески во Охридскиот табор .

Преседателот на клубот Климе Лотески ни потврди деке преговорите се во завршна фаза.
Одлично би ни дошол играч од калибарот на Ѓорески кој има големо прволигашко и меѓународно искуство. Преговорите се во тек и се надевам дека до крајот на неделата ќе го имаме Ѓорески во нашиот ростер.
 
Ниту охридскиот стретег Трифуноски не би имал ништо против доколку конкуренцијата во екипата би ја зголемил со Ѓорески  – Нашиот состав се базира на млади фудбалери. Искуството на би било драгоцено во борбата за висок пласман.

Ѓорески кој голем дел од подготовките ги помина со охридските бели, ни го потврди можниот трансфер.
– Охрид , зошто да не .Охрид е мојот роден град и со задоволство би им помогнал на овие момци во битката за влез во елитата.

Саше Ѓорески (26) во својата кариера во Македонската прва лига играше во Пелистер, Силекс, Работнички. Како интернационалец играше во Брно (Чешка) и Албанската Тирана.

M.П