Продолжуваат пожарите на трска в долж крајбрежјето на Охридското Езеро. Последниот случај евидентиран е синоќа во близина на авто кампот „Андон Дуков“, информира Центарот за управување со кризи – ЦУК. Пожарот почнал околу 18:30 часот и се движел во правец на селото Подмоље.

Во гаснењето  на пожарот учествувале 15 пожарникари и 3 противпожарни возила. Гаснeле запалена трска на охридското крајбрежје од Специјалната болница „Св. Еразмо“ до кампот „Андон Дуков“ и атарот на с. Подмоље. Пожарот бил изгаснат околу 21.40 часот, информира ЦУК.

Г.М.
Фото: Архива Охридњуз