Словенецот Јака Горенц е победник на Светскиот Куп во параглајдинг, дисциплина прецизно слетување, кој за Илинденските празници се одржа во Охрид. Второто место му припадна на неговиот сонародник Антон Својаш додека трето пласираниот заврши Мартин Јованоски.
На Светскиот Куп учество зедоа 53 параглајдеристи од 7 земји. Во екипна конкуренција првото место го освои „Мотепарапропи“, пред „Бест фор Најк“ и прилепскиот „Делта клуб“.
Два одделни инциденти се случија на натпреварот од Светскиот куп во прецизно слетување. Маркета Томашкова (26) од Чешка имала лош старт по што загубила контрола врз леталото и паднала во непосредна близина на селото Велестово. При падот таа се здобила со зглобни скршеници на десната нога. Исто така при несупешно полетување параглајдерист од Словенија се здобил со скршеница на раката.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com