Поранешниот британски премиер Гордон Браун изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се соочи со меѓународен суд поради неговите постапки во Украина.
Поранешниот лидер на лабуристите е меѓу 140-те академици, адвокати и политичари кои потпишаа петиција со која се повикува на правен систем по примерот на Нирнбершките судења на нацистичките воени злосторници по Втората светска војна.
Меѓународниот кривичен суд веќе води истрага против рускиот претседател за наводни воени злосторства, но некои велат дека овластувањата на овој суд се ограничени.
OhridNews