Гордана Сиљановска – Давкова која со денешната инаугурирација во Собранието официјално ја презема должноста шеф на државата, ќе биде првата жена и шести претседател од осамостојувањето на земјава.

Сиљановска Давкова на претседателската функција го наследува Стево Пендаровски, откако го победи на изборите одржани на 8 мај. Со денешната инаугурација новата претседателка завршува петгодишниот мандат на Пендаровски.

Универзитетската професорка Гордана Сиљановска – Давкова е прва жена која е избрана за претседател на државата.

Сиљановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Сиљановска-Давкова беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските избори во 2019 година, но изгуби од Стево Пендаровски.

На парламентарните избори во 2020 година, Сиљановска-Давкова беше носител на кандидатскиот список за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август 2020 година таа е пратеник во македонското Собрание.

OhridNews