Со победа или реми против Рајн Некар Левен во Германија екипата на Вардар ќе го осигура второто место во групата и ќе добие противник од третатата позиција во осминафиналето од Лигата на шампиони.
– Ова ќе биде одличен натпревар и голема шанса за нас да го освоиме второто место. Точно, играв во Рајн-Некар, но тоа нема никакво значење, немам никаков притисок. Важно е само тоа дека треба да одиме на победа. Сигурно дека имаме сила да победиме, само да успееме да го одиграме сето ова што не советува тренерот сега – рече Сергеј Горбок за официјалниот сајт на Вардар.
Атмосферата ќе биде на високо ниво бидејќи во првиот натпревар „црвено црните“ иако триумфираа 28-25 им одржаа час по модерен ракомет на германците.
– Во Германија има добри фанови, но тоа не е како во Скопје и не се како нашите „Комити“ и затоа не очекувам некој притисок од публика. – додаде рускиот репрезентативец.
Ohridnews