В недела во 19:30 часот во новата спортска арена „Јане Сандаски“ македонскиот куп освојувач Вардар го очекува пресметка со германскиот Рајн Некар Ловен во третата рунда од Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ по два одиграни натпревари имаат исто толку победи, а триумф против германците широко ќе им ги отвори вратите за пласман на првите места од групата Ц.
– Нема потреба да се зборува за квалитетот и искуството на нашиот противник. Ние на овој дуел имаме само една позитива, а тоа се нашите навивачи „Комитите“. Знам како дишат германците, а посебно екипата на Рајн Некар каде што поминав неколку сезони – рече новата аквизиција Сергеј Горбок.
Бундеслигашот со два бодови се наоѓа третата позиција додека лидер е Вардар со максимални четири бодови.
Мх.П.