Чудна „навика“ имаат нашите луѓе, да палат ѓубре, лисје, сува трева и слично за полесно да се „ослободат“ од непотребното. На пример пред некој ден, не верувам случајно, гореше ѓубре фрлено во контејнер. Ветрот му погодуваше на пламенот, па почна да чади како од некоја голема скара. Минувачите со марами ги покриваа лицата, а возачите добри десет минути немаа прегледност околу крстосницата „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“. По петнаесетина минути огнена „стихија“ и некои исчадени пљачки на соседните тераси, огнот згасна сам од себе. Никој не настрада, никој посебно и не се растревожи. А би требало. Во вакви ситуации секогаш малку недостига за да се прошири огнот. Сетете се на пожарот лани во февруари, во Лакочереј кога гореа 150.000 квадратни метри трска. Или пожарот на Галичица летово.


За што служат контејнерите?

Казна за неовластено и нестручно палење оган во Шведска е минимум 1.000 евра. Дури и дозволеното палење оган, на посебни места – се оданочува. Затоа е една од најеколошките земји во светот. А нашата не е.

Спаско Костоски