Традиционално на 27-ми март се одбележува Светски ден на театарот. По тој повод Народниот театар од Охрид, вечерва во 20 часот ќе ја изведе претставата „Ај да си речиме уште една“, по што ќе се одржи свечен прием на кој за прв пат во Охрид ќе се прочита светската порака, која годинава ја напиша познатиот режисер, актер и драмски писател Дарио Фо.

-Денеска се прославува добриот збор, добрата мисла. Низ целиот свет се прославува она што значи театарска сила, моќ за трансформација и едукација, ден на кој театрите ширум светот му даваат исклучителна важност.-
изјави Горан Стојаноски, раководител на Народниот нтеатар  – Охрид.

Светскиот ден на театарот е востановен во 1961 година на иницијатива на Интернационалниот театски институт.

OhridNews