Горан Симоноски повеќе не е директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид дознава Охридњуз. Тој денеска поднел оставка од лични причини за што со допис го известил министерот за култура Зоран Љутков. Симоноски ја потврди информацијата.

Ве известувам дека поднесувам оставка од функцијата директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид од лични причини. Се надевам дека на местото директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе се постави соодветно лице кое ќе ја продолжи успешната работа на установата и ќе придонесе за понатамошен развој на истата. Се заблагодараувам за можноста што ја имав да ја водам установата при што се стекнав со големо искуство од културно-уметничката дејност и Ви останувам на располагање за какво било помош во понатамошното функционирање на установата, стои во дописот со оставката на директорот на НУЦК „Григор Прличев“ Горан Симоноски.

Горан Симоноски. Фото: Охридњуз – Бобан Стојаноски 

Тој вели дека му било чест и задоволство што имал можност да раководи со единствена установа во Охрид која организира културни настани во текот на целата година.

Заедно со вработените успешно ги надминавме сите предизвици и препреки во функционирањета на установата во текот на извршувањето на мојата функција директор. Не само што ги реализиравме основните фунции на установата, заедно со вработените направиивме и чекор понапред во реализацијата на програмата и проектите од културната дејност, посочува во оставката Симоноски.

Горан Симоноски е актуелен претседател на огранокот на Либерално демократската партија на Македонија во Охрид.

 Г.М.