Со решение на министерот за култура за нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид назначен е Горан Симоноски, актуелен претседател на Општинската организација на ЛДП Охрид.
Со оваа установа, досега управуваше Зоран Пејкоски, кој од 18-ти јануари беше вршител на должност раководител на Центарот.
Претходно беа објавени три конкурси за избор на директор на оваа национална установа, но ниту еден од нив не беше спроведен.
OhridNews