Ракометарите на Охрид го доживеаја првиот неуспех на официјален натпревар сезонава, претрпувајќи пораз од Бутел Скопје (26-22), на стартот од плејоф натпреварите во Супер лигата. Екипата на Бутел Скопје имаше негатива само на стартот, додека во преостаниот дел од натпреварот ја контролираше играта и резултатот.

Првиот натпревар е секогаш тежок за играње. Сакам да им честитам на Охрид за фер и коректната игра. Мислам дека вечерва бевме подобар ривал во сите сегменти од играта и заслужено се радуваме на победата. Игравме како еден и тоа беше клучот за триумфот. На голот го имавме фантастичниот Блажески кој ни помогна многу. Игравме против екипа која немаше пораз до овој момент и знаевме дека нема да биде лесно. Го вративме ривалот со наши грешки во игра и тоа не смее да ни се случува во следните натпревари, бидејќи спортот е таков и на крај може да се одрази лошо во конечниот резултат, – вели Печенковски за 24Ракомет.

Во плејофот следува двонедела пауза. Во втората рунда, Охрид, на домашен терен го пречекува Вардар.

OhridNews
Фото: Архива

 

Обновено: Пораз на Охрид на стартот од плејофот во Супер лигата (видео)