Во најновото издание „На муабет со..“ ни гостува Горан Папаз, еден од најдобрите саксофонисти во земјава Разговараме за неговата најнова песна и видео- спот „Кога љубов имам“, кој е целосно охридска приказна.
Ова е една тема која што јас почнав да ја работам уште пред короната, меѓутоа ја оставив во фиока и чекав да дојдат некои подобри времиња. Пред четири месеци одлучив дека треба да се сработи тој проект. Насловот е инспириран од секојдневието, не е намерата дека е љубовта меѓу партнери туку љубовта кон се. Генералната идеја е дека кога има човек љубов може да направи се и да постигне многу во животот, вели Папаз
Спотот за „Кога љубов имам“ е снимен е во напуштената воена касарна во Охрид. Протагонист и носечки лик во спотот е Емилија Малезан којашто исто така доаѓа од Охрид.
Со Папаз муабетевме и за неговите почетоци и одлуката да стане саксофонист.
Саксофонот не е баш мој прв избор. Од почеток не бев ни среќен за одлуката дека ќе учам саксофон, но тоа траеше многу кратко. Приказната со инструментот ja започнувам од 13 години. Тоа е еден од најемотивните инструменти затоа што многу потсетува на човечки вокали, раскажа Папаз
Идните планови на Горан Папаз предвидуваат уште една авторска тема пред Нова Година, а како што истакна, размислува и за преработка на албумот од Тоше Проески „Синот Божји“ бидејќи како што вели време да се освежи колективната меморија за Тоше.
Горан Папаз: Кога има човек љубов може да направи се
Кристина Алексиеска