Горан Папаз после успешното и исполнето лето со настапите ширум Македонија, овој викенд ќе настапи на фестивалот “Нушичијада” во градот Ивањица, Србија.

 

Настапот е закажан за сабота во 24 часот на полноќ, а на истиот ќе бидат отсвирени неговите авторски нумери и неколку наши и светски хитови.

По двата успешни настапи во месец јануари ова е трет настап на Папаз оваа година во соседна Србија, a до крајот на 2016 се преговара за уште неколку датуми.

OhridNews