Познатиот саксофонист Горан Папаз има нова песна насловена како „You give me reason to liv“. Се работи за композиција со брз ритам и релаксирана мелодиска линија.

Автор и продуцент на песната е Александар Масевски, а гостин на гитара е Александар Балабанов кој дава дополнително освежување на целосната звучна слика, пренесува специјализираниот портал „Македонска музичка мрежа“.

За најновата нумера на успешниот музички уметник од Охрид снимен е и видео запис кој го изработи талентираниот и креативен фотограф и филмски режисер Јован Куциновски. Протагонистите се самиот Папаз и Емилија Малезан која одлично се снајде во целиот процес на снимањето.


OhridNews
извор:„mmm.com.mk“