Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер, во Италија бил „жртвата“ во скриената камера на телевизијата „Медиасет“.

За целата местенка да помине според предвиденото сценарио помогнале капитенот на Џенова, Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси.

Корси е тој кој му соопштува на Пандев дека клубот решил да го продаде во Индија.

Доста Корси…Си полудел ли? Да не си пијан? Што зборуваш. – му вели Пандев на Корси.

Менаџерот му соопштува на Пандев дека за три сезони во Индија ќе заработи 72 милиони евра, плус може да добие и бонуси од 10 милиони евра.

Каков Ченаијин, каква Индија. Попрво би си пукал во уста. – реагира Пандев.

На овој линк може да ја погледнете скриената камера.

OhridNews