Капитенот на македонската фудбалската репрезентација Горан Пандев и следната сезона ќе биде дел од најдобрите фудбалери во италијанската Серија А. Пандев и Џенова најдоа заеднички јазик и ќе соработуваат уште една сезона.
Нашиот најдобар фудбалер во редовите на Џенова се пресели во 2015 година од Галатасарај и со соиграчите изминативе четири години успеаја да го стабилизираат клубот во „калчо“ лигата“.
Пандев во Серија А има настапувано во Анкона, Лацио, Интер и Наполи и моментално е еден од фудбалерите со најдолг стаж во италијанската елита. „Гранде Пандев“ со Интер освои една титула и беше дел од златната екипа на „нероазурите“.
Македонскиот репрезентативец многу веројатно после завршување на сезоната која доаѓа ќе се повлече и комплетно ќе се насочи кон Фудбалскиот клуб Академија Пандев кој го спонзорира.
OhridNews