Македонската фудбалска икона, Горан Пандев, ќе ја продолжи кариерата на клупски план и ќе потпише нов едногодишен договор со италијанска Џенова, потврдува агентот Фабрицио Романо.

Пандев, летово, се прости од националниот дрес, откако репрезентацијата учествуваше на Европското првенство. Пандев рече дека се двоуми околу продолжување на кариерата, но смогнал сили за уште една сезона помеѓу италијанската елита.

Популарниот „Гоче“ на „чизмата“ пристигна во 2001 година и од тогаш наваму со исклучок на една сезона е дел од италијанскиот фудбал. Пандев минатата сезона на 27 натпревари во дресот на Џенова постигна седум погодоци и три пати успешно асистираше до своите фудбалери.

OhridNews