Една од најдобрите европски селекции Германија, Романија и Исланд и старите познаници Ерменија и Лихтенштајн се ривалите на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Мундијалот во Катар 2022 година.
„Црвено жолтите“ предводени од капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски најавија атак на втората позиција, а, посакуваат полни трибини во Скопје, за дуелот со Германија.
Најмногу посакувам целата оваа ситуација да се стабилизира и среди, публиката да се врати на трибините и гостувањето во Германија да биде празник на фудбалот. Оваа генерација заслужува еден таков натпревар. Што се однесува до групата, наша цел ќе биде второто место и пласман во баражот. – изјави Пандев.
Мислам дека добивме интересна група, во која Германија е апсолутен фаворит. Сите останати – Романија, Исланд, Македонија и Ерменија, имаат шанси да се борат за тоа второ место. Така што мислам дека без разлика што Романија и Исланд се квалитетни, Македонија покажа дека не стравува од никого и има рамноправни шанси да се надева на второто место во групата и да се бори за второто место. Никогаш не сме играле со Германија, се работи за еден фудбалски „тешкаш“ и ќе биде вистинско задоволство да се игра против нив. – рече селектор Ангеловски.
Квалификациите ќе стартуваат и завршат во 2021 година. Мечевите ќе започнат во март, а ќе завршат во ноември.
OhridNews
Германија најзвучен ривал на Македонија во квалфикациите за СП