Не треба посебна најава за утрешниот натпревар помеѓу Грузија – Македонија во финалето од баражот, кога фудбалер со богата и трофејна фудбалска кариера како Горан Пандев го означува како негов најважен во кариерата. Пандев со капитенската лента на раката ќе биде предводник на „црвено жолтите“, утре во Тбилиси.

Натпреварот се игра во 18 часот. Директен пренос ќе има на националната телевизија МТВ.

OhridNews