Фудбалерот Горан Пандев и каратистката Вероника ги понесоа признанијата за најдобри спортисти за 2020 година во Македонија.
Со Пандев на чело македонската фудбалска репрезентација избори учество на Европско првенство. „Црвено жолтите“ триумфираа во лигата Ц од УЕФА Лигата на нации и се најдоа во кремот на европскиот репрезентативен фудбал.
Жал ми е што не сум присутен во Македонија во моментов, па преку видео се заблагодарувам на оваа награда, благодарност до Агенцијата за млади и спорт, но за оваа награда заслужни се сите во македонската селекција почнувајќи од селекторот па преку играчите до докторите, физиотерапевтите и економите затоа што создадовме семејство кое оствари сон на многу македонски генерации. – изјави Пандев.
Костовска им се заблагодари на своите најблиски, тренерите и сите кои ја поддржуваа да тренира во вондредни услови во време на пандемија на коронавирусот.
Оваа награда за мене е дополнителн поттик за уште поголеми успеси во иднина. – изјави Костовска.
Очекувано, изборот на најдобрите во 2020 година помина во знакот на фудбалот. Најдобар тренер/селектор е Игор Ангеловски, најдобра национална федерација е фудбалската, а најдобра селекција е А репрезентацијата. ајдобар спортист од лицата со инвалидитет е шахистот Владимир Тркаљанов, млад спортист е каратистот Роберто Ацковски, освојувач на бронзениот медал на Европското карате првенство, а најдобра млада спортистка е каратистката Магдалена Божиновска.
На најдобрите и на присутните им се обрати премиерот на Македонија Зоран Заев, кој на спортистите им посака многу среќа и уште поголеми успеси во 2021 година.
OhridNews
Фото: Екипа.мк