Македонската фудбалска селекција, утре (среда), на домашен терен во четвртата рунда од Ц лигата во УЕФА лигата на нации силите ќе ги одмери со репрезентацијата на Грузија. За „црвено жолтите“ ова ќе биде трет натпревар во краток период, но капитенот Горан Пандев најави победа и атак на трите бодови.
Бараж дуелот со Косово не истроши психички и физички. Сепак, подготвени сме утре да излеземе и да го добиеме натпреварот. – изјави Пандев.
Македонија ремизираше со Естонија во Талин 3-3, а го совлада Косово и се доближи на чекор од историски пласман на Европско првенство. Токму утрешниот противник и стои на Македонија на патот до пласман на ЕП.
Без разлика што не го остваривме планираното во Естонија, но не да заборавиме дека нашата главна цел ја стигнавме, Македонија е на чекор на ЕП. Утре имаме натпревар со противник со кој ќе се сретнеме во финалето, без разлика на сите отсуства, сите кои ќе истрчаат на теренот, должни се да го дадат максимумот. Прв пат играме во седум дена три натпревари, првиот натпревар беше многу важен од секако аспект. Ако селекции од Италија, Шпанија ротираат, што останува за селекции како што сме ние. Селекторот на Грузија исто има проблеми со повреди и отсуства, но на нас селекторите е да го искористиме тоа што го имаме. Не верувам дека и тие не сакаат да бидат на првото место во групата. Не очекувам противникот да калкулира со составот. – истакна селекторот Игор Ангеловски.
Мечот се игра 20 часот и 45 минути.
OhridNews