Фудбалерот со најмногу погодоци во македонска репрезентација, Горан Пандев, против Холандија на Европското првенство го одигра последниот натпревар во националниот дрес. „Лалињата“ со сите почестија го испратија Пандев, доделувајќи му дрес со бројот на настапи во репрезентација и аплаузи на отворена сцена.
Пандев рече дека холанѓаните пријатно го изненадиле и дека не очекувал таков гест од репрезентацијата и публиката.
Моменти кои ќе ги паметам цел живот. Да беше мечот во Скопје немаше да бидам изненаден од поддршката но холанѓаните ме оставија без зборови. Среќен сум што мојата репрезентативна авантура заврши на таков начин, – изјави Пандев.
Пандев клупската кариера одлучи да ја продолжи уште една сезона. Причината била враќањето на публиката на стадионите во Серија А и воопшто во светскиот фудбал. Пандев настапува за италијанска Џенова.
OhridNews
Видео: Шампионски поздрав за еден и единствениот Гранде Пандев!