Првиот циклус од три мечеви во мундијалските квалификации, македонската фудбалска селекција ќе го заокружи со дуел против една од најдобрите светски репрезентации, Германија. Утрешната средба на арената во Дуисбург ќе биде прв официјален натпревар помеѓу двете селекции. Мечот се игра во 20:45 часот.
Германија не е фаворит само против нас, туку е фаворит на сите Светски и Европски првенства. Ова ќе биде специјален меч за нас и ќе биде задоволство да се игра со ваков противник. Затоа не ни треба посебна мотивација и самото тоа што играме против поранешен светски шампион ни ја зголемува желбата и мотивот за надигрување. Очекувам возбудлив натпревар. Против силни противници играме добро. Верувам дека така ќе биде и на утрешниот дуел. Германците се физички силни и имаат огромен квалитет. Доколку после тренингот виде се добро со Велковски и Адеми и двајцата ќе конкурираат за место во почетникот состав, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Капитенот Горан Пандев истакна дека чест и задоволство да се игра против селекцијата на Германија и додаде дека репрезентативците се подготвени да дадат максимум и покрај згуснатиот распоред.
Германците знаат против кого играат, знаат со каков квалитет располагаме и сигурно одлично ја анализирале нашата игра. Но, ние сме сосема различна репрезентација од пред пет или шест години, сега сме далеку посилни, сега сме учесници на ЕП и сметам дека и противникот ќе биде претпазлив. Тие се фаворити, тоа е јасно, но мораме да веруваме во себе и да веруваме дека може да ги изненадиме, рече Пандев.
Во првите два мечеви Германија забележа исто толку мечеви додека Македонија претрпе пораз од Романија, а славеше во дуелот со Лихтенштајн.
OhridNews