Пред неколку дена најгледаната австралиска телевизија „Фокстел“ етничкиот идентитет на Горан Пандев го претстави како бугарски. Како што се гледа од фотографијата после презимето на Пандев пишува дека е Бугарин.
До денес Македонските организации во Австралија официјално не реагираа и не побараа извинување од уредникот за спорт затоа што се навредени етничките македонци во Австралија. Реакции има само од поединци, но не и организирано, пишуват македонските медиуми во Австралија.
Инаку, грешката не е случајна или некаков пропуст. Овој очигледен преседан е направен намерно од уредникот на спортот со што Австралија континуирано продолжува да ги крши своите мултикултурни принципи, врлат австралиските Македонци, кои ваквиот чин го сметаат за навреда.
Ицо Најдовски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com