Повремениот репрезентативец на Македонија, Горан Крстевски, е најново засилување на ГРК Охрид.
Тој претходно има настапувано во Металург и Еурофарм Работнк, како и во австриски Линц и романскиот клуб Фочани. Ресенчанецот Крстевски игра на позицијата среден бек, а во Охрид ќе го носи дресот со број 25, информираат од ГРК Охрид.
Организаторот на игра Крстевски е деветто засилување на ГРК Охрид за сезоната 2023/24 во која клубот влегува со големи амбиции и цел излегување во Европа.
OhridNews