Охридските ракометари со две победи во исто толку одиграни контролни натпревари ќе го дочекаат почетокот на пролетната полусезона во Супер лигата.
„Плаво белите“ во контролните натпревари ги совладаа екипите на Едеса од Грција и битолски Пелистер во „Билјанини Извори“.
– Комплетно сум задоволен од сите сегменти во екипата. Одбраната ни функционира беспрекорно на чело со голманскиот тандем Колев – Трајкоски, во нападот остануваат некои мали финеси за поправање, но тоа во од. Многу значајно е што екипата е физички максимално подтготвена. Формата со топка за плејофот ќе ја избрусиме во четирите преостанати мечеви од регуларниот дел од Супер лигата што не очекуваат. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Ракометниот клуб Охрид сезонава ќе биде дел од плејофот заедно со Вардар, Металург, Макс Струмица, Прилеп и Работнички кои ќе разигруваат за титулата.
– Имаме квалитет за добра престава во плејофот. Ние како екипа и во регуларниот дел покажавме квалитет за ваков пласман. Со уште едно засилување на бековската позиција ќе бидеме комплетни и ќе пружиме силен отпор на екипите кои ќе доаѓаат во Охрид. – истакна охридскиот стратег.
Двата контролни мечеви поради технички причини ги пропушти Иван Стојановиќ, но ќе се врати за натпреварот со Борец во Супер лигата кој ќе се одигра на 12/13 март.
Фото: Охрид подобар од Пелистер
Мх.П.