Охридските ракометари во шестата рунда од Супер лигата гостуваат во Битола, а силите ќе ги одмерат со екипата на Пелистер.


Охриѓани, во дерби пресметката влегуваат со серија од три победи и голема желба за надигрување со лидерот на табелата во ракометниот шампионат.

– Нема да остапуваме од нашата игра и ќе се надигруваме исто како што беше на дуелот со Работник. Тимот на Пелистер има голем ростер на играчи меѓутоа квалитативно сме на исто ниво, што го покажува бодовното салдо на табелата. Очекувам тврд и неизвесен натпревар, а мислам дека победникот ќе го одлучи одбраната. – потенцираше охридскиот стратег Горан Андоновски.


Екипите во подготвителниот период одиграа еден меч кој заврши без победник 23-23, што наговестува одлична ракометна престава во дербито од шестата рунда.

OhridNews