Ракометарите на Охрид в недела (18:30ч) во третата рунда рунда од Супер лигата против Борец ќе го одиграат првиот натпревар во „Билјанини Извори“.
Во составот на Охрид чувствуваат позитивен притисок во пресрет премиерата пред охридската публика која години наназад е осми играч.
– Имаме притисок, но само позитивен бидејќи ова ќе ни биде прв меч сезонава пред нашата верна публика. Повеќе чувствуваме обврска отколку притисок, затоа што сите ќе очекуваат добра ракометна престава. Борец, своите редови ги засили со квалитетни ракометари и сигурно ќе атакува на висок пласман во Супер лигата. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Тој на располагање ќе ги има сите ракометари кои се здрави и подготвени за надигрување.
Двојки: Работнички – Металург 2, Прилеп – Еурофарм Работник, Тинекс Пролет – Пелистер, Охрид – Борец, Радовиш – Вардар Јуниор.
Табела: Прилеп 6, Металург 2 4, Пролет 4, Борец 3, Пелистер 3, Радовиш 3, Охрид 3, Еурофарм Работник 3, Вардар Јуниор 0, Работнички 0.
OhridNews