Охридските ракометари го претрпеа првиот пораз сезонава во Супер лигата, откако изгубија од Еурофарм Работник (18-17) во дербито на колото.


„Гладијаторите“ речиси целиот натпревар имаа водство и контрола на резултатот, но слабиот и неефикасниот финиш ги чинеше охриѓани пораз.

– Сурово сме казнети за нереализираните пеналите и зицери. Место да го решиме противникот ние го враќаме во игра и му даваме шанса да не победи, која ја искористи. Од раце не избегаа бодовите од овој меч кои многу ќе ни значеа во продолжението од шампионатот. – рече Горан Андоновски.

Причина за задоволство после првата победа во Супер лигата имаше тренерскиот тандем на клупата, Иван Маркоски – Александар Зарков. – Игравме лошо, збркано и во грч. Добро е што бодовите завршија на наше конто бидејќи мечот навистина беше непредвидлив во финишот.

Охридскиот ракометен клуб во следната рунда ќе се сретне со Борец додека Еурофарм Работник силите ќе ги одмери со екипата на Прилеп.

OhridNews