Охридските ракометари в сабота со почеток во 19 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ против составот на Металург 2 во рамките од 13-та рунда во Супер лигата ќе го одиграат последниот меч за 2016 година на домашен терен.
„Гладијаторите“, кои се во мини криза после двата порази во серија од Еурофарм Работник и Борец посакуваат победничко збогум од својата публика.
– Натпреварот кој не очекува со Металург 2 на домашен терен за нас е значаен од два аспекти. Првиот е излегување од мини резултатската криза и враќање на самодовербата во екипата, а вториот е што со нова победа ќе бидиме поблиску до плејофот. Трениравме цела недела, напорно и со зголемен интензитет, но без Јовица Младеновски кој се повреди на дуелот со Борец. Неговата повреда многу не чинеше на натпреварот со Борец, а неизвесен е и за дуелот со Металург 2. – изјави Андоновски.
Во пресрет на претпоследната рунда за годинава, ракометниот клуб Охрид ја дели првата позиција на табелата со Еурофарм Работник и Пелистер.
OhridNews