Ракометниот клуб Охрид од 25 до 28 август ќе ја брани титулата на меморијалниот турнир во Прилеп во чест на „Миле Нешкоски“ освоена минатата година на првото издание.


„Гладијаторите“ на турнирот во Прилеп ќе се сретнат со новајлијата во Супер лигата, Еурофарм Работник и составот на Борец.

– Во Прилеп ќе ја воигруваме екипата и ќе одиме без некои големи очекувања. Таму ќе се сретнеме со екипи кои ќе ни бидат ривали сезонава во првенството и сигурно сите ќе калкулираат бидејќи рано е да се отворат адутите. – рече тренерот на Охрид, Горан Андоновски.

Во втората група во Прилеп се наоѓаат домаќинот, битолски Пелистер и Тинекс Пролет.

Распоред:

Четврток:

17ч: Охрид – Работник Еурофарм

19ч: Прилеп – Тинекс Пролет

Петок:

17ч: Борец – Охрид

19ч: Тинекс Пролет – Пелистер

Сабота:

17ч: Работник Еурофарм – Борец

19ч: Пелистер – Прилеп

Недела:

14ч: Меч за петто место

15ч: Меч за трето место

16ч: Финале

OhridNews