Четвртфиналистот во Лигата на Шампиони и актуелниот шампион на Македонија, Вардар е противник на охридските ракометари во 1/2 финалето од Купот на Македонија.


Охриѓани немаа среќа во ждребката и од трите можни противници му падна најнепосакуваниот.

– Штета, вистина штета, што немавме среќа и ни падна ракометниот гигант во Македонија. Секако го посакувавме Вардар Јуниор, но и со Металург ќе можевме да се надигруваме. – кратко рече Горан Андоновски за Ohrid News.

Завршниот турнир ќе се одигра на 14 и 15 мај, а домаќинот дополнително ќе биде одреден.

Најнепосакуваниот противник за Охрид во Купот на Македонија

OhridNews