Есенскиот шампион во Супер лигата, Охрид потклекна на првиот посериозен противник на домашен терен. Бодовите од Охрид ги однесе Еурофарм Работник кој славеше со тесни 21-20.


– Вината за поразот исклучиво треба да ја бараме кај нас. Нападот потрфли комплетно и не беше на нивото на кое одбраната го одигра натпреварот. Со промашени зицери од сите позиции, без никаква помош од пикерската позиција не може да се добие ваков дерби натпревар. И тие имаа проблеми во нападот, но имаа среќа во одредени мигови и ги освоија бодовите. – потенцираше домашниот стратег, Горан Андоновски.

И покрај поразот Охрид ќе остане на лидерската позиција на табелата и од тука ќе го започне мечот со Борец во Велес следниот викенд.

Обновено: „Фармацевтите“ најдоа лек за Охрид во „Билјанини Извори“

Фото: Емил Јовановиќ
Мх.П.