По две победи и еден пораз, охридските ракометари ремизираа во подготвителните натпревари играјќи (23-23) со Пелистер во „Билјанини Извори“.


„Гладијаторите“ на овој меч настапија без крилата Крсте Андоновски и Бобан Блажески, а во текот на натпреварот останаа Јосип Кежиќ поради црвен картон и Јовица Младеновски кој се повреди на стартот од вториот дел.


– Овој меч беше вистински пример какви мечеви ќе се играат во Охрид во рамките од Супер лигата сезонава. Ние со играњето и желбата покажавме дека можеме да се носиме со секого. Мора да се напомене дека Пелистер има далеку поголем ростер на играчи за разлика од нас, но и тоа го пребродевме и стигнавме до позитивен резултат. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.


Ракометарите на Охрид имаа десеттина дена да се одморат, рехабилитираат од повредите и подготвени со отворен гард да ги започнат суперлигашките предизивици.

Фото: Драматично реми во „Билјанини Извори“

Мх.П.