Ракометниот клуб Охрид со освојување на бронзен медал го заврши своето второ учество на меморијалниот турнир во Прилеп во чест на Миле Нешкоски.
„Гладијаторите“ во мечот за бронзеното одличје го совладаа Прилеп, а во групата имаа половичен скор победа над Борец и пораз од Работник.
– Со оглед дека последни ги започнавме подготовките морам и треба да бидам задоволен од играта и пласманот на турнирот во Прилеп. Одигравме три квалитетни мечеви со нашите следни ривали во Супер лигата, а другите имавме можност да ги гледаме. Екипата која е нова има голем потенцијал, но за тој да излезе на виделина ќе треба уште многу да се работи. – рече Горан Андоновски.
Во следниот период ракометарите на Охрид ќе одиграат неколку контролни натпревари, а противник допрва ќе биде одреден.
Фото: Гол.мк
OhridNews