Ракометарите на Охрид в недела во 12 часот во Скопје против составот на Работнички ќе ја започнат новата вкупно четврта сезона во елитното друштво во Македонија.
Првиот противник на Охрид во новата сезона, Работнички ќе настапува со видно изменет состав од минатата сезона и на суперлигашките терени ќе се натпреварува со помлади играчи.
– Фаворитската улога на мечот со Работнички ни припаѓа нам, но со тоа добиваме и обврска плус која ќе треба да ја исполниме на теренот. Први натпревари ќе се играат, сите играчи ќе бидат свежи и ќе сакаат да покажат што повеќе од својот репертоар. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Составот на Охрид ќе отпатува комплетен во Скопје, откако сите ракометари на време заздравија од повредите.
Двојки 1.коло: Работник Еурофарм – Пелистер, Тинекс Пролет – Металург 2, Прилеп – Вардар Јуниор, Радовиш – Борец, Работнички – Охрид.
OhridNews